Линкови за пристапност

САД ја поздравуваат средбата ОН-Северна Кореја


САД ја поздравуваат ретката средба меѓу претставници на Северна Кореја и припадници на мониторинг мисијата на ОН за корејската граница.

Портоаролот на Стејт департментот Гордон Дугид изјави дека средбата би помогнала да се зголеми довербата и да се намалат тензиите од обете страни на границата.

Получасовните разговори биле свикани на барање на Пјонгјанг, а се одржале во селото Панмунџом од каде поминува границата што ги одвојува Северна и Јужна Кореја, и која е позната по силно воено присуство.

Командата на ОН за мониторинг на граничното подрачје со седиште во Јужна Кореја, соопшти дека планирани се дополнителни дискусии, но не прецизираше конкретен датум. Денешната средба беше прва за речиси седум години.

Јужнокорејските медиуми јавуваат дека Пјонганг ги искористил разговорите да побара прекин на американко-јужнокорејските воени вежби планирани за наредната недела.

XS
SM
MD
LG