Линкови за пристапност

Клинтон ќе се консултира со арапските лидери за Иран


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон истакна дека какви било чекори што Вашингтон би ги презел во врска со Иран, ќе бидат направени во консултации со сојузниците од Блискиот Исток.

Изјавата на Клинтон, дадена во Шарм ел-Шеик во Египет, уследи по коментарот на портпаролот на американскиот Стејт департмент дека Клинтон за американско-иранските односи разговара со нејзиниот колега од Обединетите Арапски Емирати.

Арапските сооседи изразија загриженост за можна регионална доминација на неарапски Иран.

Анонимен американски претставник изјави дека Клинтон приватно не придала големо значење на веројатноста Иран да ја прифати понудата на САД за дијалог.

За разлика од претходната администрација, претседателот Барак Обама вели дека неговата влада е подготвена за дијалог со Иран. Ова се случува во услови на затегнати односи меѓу двете земји, особено заради најновите нуклеарни амбиции на Техеран.

Во меѓувреме, Иран денеска ги отфрли коментарите на висок американски воен претставник, кој изјавил оти земјата има доволно специјален материјал за производство на нуклеарна бомба.

XS
SM
MD
LG