Линкови за пристапност

Војници го убиле претседателот на Гвинеја-Бисау


Побунети војници во Гвинеја-Бисау извршиле атентат врз претседателот Жоао Бернардо Веира, само неколку часа откако експлозија од обомба го убила шефот на армијата на државата.

Војниците лојални на убиениот шеф на оружените сили Тагме На Ваие ја нападнале претседателската палата пред зори и го застрелале Виериа додека тој се обидувал да побегне.

Во соопштение пренесено преку националното радио, армијата кажа дека ситуацијата во западноафриканската држава е „под контрола", но предупреди дека нема да бидат толерирани ограбували и создавачи на проблеми.

Армијата исто така кажа дека ќе го почитува уставниот ред и демократија. Уставот бара спикерот на парламентот Раимундо Переира да ја преземе власта до одржување на изборите во рок од 60 дена.

Во главниот град на Гвинеја Бисау, Бисау, денес беше мирно по бурна ноќ со експлозии и престрелки со огнено оружје.

XS
SM
MD
LG