Линкови за пристапност

Новиот американски буџет:  повеќе за здравствено осигурување и финансискиот сектор, даноци за загадувачите на животната средина


Предлог-буџетот, што американскиот претседател Барак Обама го достави до Конгресот, има 134 страници и предвидува трошоци од 3,5 трилиони долари што ќе го доведат владиниот дефицит до износ од 1,7 трилиони долари. Обама го нарече „чесна пресметка“ на националните финансии:

- Долго време нашиот буџет не ја кажуваше целосно вистината како се трошат парите на даночните обврзници. Големи суми не беа внесени, меѓу нив и вистинската цена на борбите во Ирак и Авганистан.

Обама подвлече дека од претходната влада наследил дефицит од трилион долари, но затоа предлага амбициозен план за стабилизирање на економијата. Покрај инвестирање во нови енергетски извори и образованието, буџетот предвидува 634 милијарди долари за обнова на системот на здравствена заштита. За сите овие нешта, Обама планира буџетот да се финансира со милијарди долари од даноци за бизнисите - загадувачи со гасови штетни по озонската обвивка, од даноците за богатите Американци и од укинувањето на непотребните субвенции за земјоделците.

Намерата е добра, но планот нема насока, смета водачот на републиканското малцинство во Претставничкиот дом Џон Бонер:

- Никој не е против сите Американци да имаат здравствена заштита, но да се зголемат даноците среде економска рецесија, особено за малите бизниси – така не се постигнува целта.

Буџетот содржи дополнителни 250 милијарди долари за поттикнување на финансискиот сектор, кој веќе доби над 700 милијарди.

XS
SM
MD
LG