Линкови за пристапност

Сенатот даде зелено светло на гласачкото право за Вашингтон


Сенатот усвои мерка со која на жителите на Вашингтон би добиле потполни конгресни гласачки права.

Мерката усвоена вчера му дава на Вашингтон член во Претставничкиот дом со целосни права и можност да гласа. Градот и досега имаше делегат во Претставничкиот дом, демократската Еленор Холмс Нортон, но таа не можеше да гласа за законските предлози пред ова тело.

Критичарите велат дека давањето право на глас на Вашингтон е противуставен чекор, со оглед на тоа дека главниот град не е сојузна држава.

Мерката исто така и овозможува на западната сојузна држава Јута четврти претставник во Претставничкиот дом. Дополнителното место за Јута ќе му овозможи поддршка на неговиот републикански сенатор Орин Хач. Јута важи за републиканско, а Вашингтон ДЦ за демократско упориште.

Мерката сега е во Претставничкиот дом, каде се очекува да биде усвоена, но без амандманот кој се однесува на право на носење на оружје. Претставничкиот дом и Сенатот потоа ќе се сретнат да ја усогласат конечната верзија, која претседателот Обама вети дека ќе ја потпише со што ќе стане закон.

XS
SM
MD
LG