Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс рече дека на медиумите ќе им биде дозволено да ги фотографираат ковчезите со загинати американски војници, ако тоа го дозволат нивните семејства.
Тој ја обелодени одлуката во четврток во Вашингтон, истакнувајќи дека решението дали медиумите треба добијат дозвола треба да го донесат најпогодените – семејствата на загинатите. Адмиралот Мајк Мулен, шефот на заедничките вооружени сили изјави дека го поддржува планот.
Фотографирањето ќе биде дозволено во воздушната база Довер во Делавер, каде телата од воениот персонал пристигнуваат од странските мисии.
Одлуката да им се забрани фотографирање на медиумите беше донесена на почетокот од 1990-тите од страна на поранешниот претседател Џорџ Буш постариот. Критичарите на забраната сметаат дека владата ја сокрива цената во животи што ја носи војната.
Најмалку 4800 припадници на американската армија загинаа во Ирак и во Авганистан.