Линкови за пристапност

Обама планира повлекување на борбените трупи од Ирак до август 2010


Планот на Обама предвидува во Ирак да останат околу 50.000 војници, и тоа во ограничени мисии на обука и борба против тероризмот. Временскиот рок е за три месеци подолг отколку што Обама вети во предизборната кампања. Официјални лица велат дека планот ќе овозможи САД и натаму да имаат моќно присуство во Ирак за време на серија тамошни регионални, како и национални избори, закажани кон крајот на годината.

Повлекувањето на силите од Авганистан воедно ќе му овозможи на Обама да ги зајакне американските сили во Авганистан.
Согласно американско-ирачкиот безбедносен договор постигнат минатата година, сите борбени сили ќе мора да го напуштат Ирак до крајот на 2011-та.

Во Ирак се наоѓаат околу 142.000 американски војници.

XS
SM
MD
LG