Линкови за пристапност

Срцевите заболувања – убиец број еден за жените во САД


Бидејќи многу жени не се свесни за податокот дека срцевите заболувања се главен причинител за смртност, експертите велат дека информирањето за ризикот од заболувањето, е првиот чекор за нејзино спречување.

Според кардиологот Метју Бадоф, жените се изложени на ризикот од срцеви заболувања, повеќе од кога и да е порано.

„Ова е случај, делумно поради фактот што жените живеат подолго споредено со мажите. Како стареат, се зголемуваат и шансите да заболат и од висок крвен притисок, дијабетис и високо ниво на холестерол во крвта. За многу од овие проблеми не се обрнува толку големо внимание со нивниот матичен лекар, споредено со мажите", вели Бадоф.

Првиот чекор во борбата против срцевите заболувања, е да се отстрани заблудата дека оваа болест ја зафаќа само машката популација.

„На годишно ниво во САД бројот на лица кои добиваат срцеви напади сега е поголем кај жените споредено со мажите. Повеќе жени умираат од срцев и мозочен удар, исто така споредено со мажите", додава д-р Бадоф.

„Исто така сосема е погрешна претставата", вели тој, „дека главна грижа за здравјето на жените е ракот на дојката."

„Точно е дека ова заболување предизвикува огромна загриженост, но приближно пет спрема една жена, попрво би починале од проблеми со срцето, отколку од рак на дојка", изјави овој кардиолог.

Како превенција д-р Бадоф препорачува жените покрај редовните мамограми и самоиспитувања на состојбата на градите, да прават и редовни контроли за состојбата на нивното срце. Будоф особено препорачува жените да го знаваат својот крвен притисок, нивото на холестерол, а по менопаузата да направат комплетна контрола на работата на срцето.

Исто така превентивно, додаваат експертите, жените можат едноставно да го модифицираат начинот на живот, да ја подобрат својата телесна тежина, да го намалат нивото на содиум што го внесуваат, редовно да се занимаваат со физичка активност, а во диетата да внесат што е поголемо количество на свежо овошје и зеленчук. За добро здравје и здраво срце лекарите препорачуваат избегнување на масна храна, газирани пијалоци, тестенини, секаков вид на процесирана храна, и особено вештачки засладувачи. Како дополнение за здраво срце, тука е и повикот од откажување од пушењето и изнаоѓање на креативни начини да се намали нивото на стрес. Да се пронајде љубовта во животот и пријателството можат исто така да помогнат жените да живеат посреќно и поздраво.

XS
SM
MD
LG