Линкови за пристапност

Бакојани вели дека на средбата со Клинтон не станало збор за спорот со името 


Во рамки на официјалната посета на САД, грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани синоќа во Стејт департментот разговараше со американската државна секретарка Хилари Клинтон. Бакојани по средбата кажа дека Клинтон посакува поголеми стратешки односи меѓу Грција и САД. Според неа, Клинтон предложила Атина и Вашингтон да работат заедно на неколку главни прашања, како Блискиот Исток и Балканот. Бакојани, пак, го повторила и грчкото барање за безвизен влез на грчките граѓани во САД.

На наше прашање дали станало збор за спорот меѓу Република Македонија и Грција околу името, Бакојани изјави:

-Не дискутиравме по ова прашање. Разговаравме за Балканот воопшто и за тоа каква иднина му претстои на Балканот, но не навлеговме во конкретни прашања.

Грчката министерка кажа дека во својство на претседавач на ОБСЕ, со американската државна секретарка разговарала и за соработката меѓу Русија и земјите-членки на ОБСЕ.

XS
SM
MD
LG