Линкови за пристапност

Обама го претстави буџетскиот план од 3 трилиони долари


Американскиот претседател Барак Обама рече дека неговиот прв буџетски предлог на функцијата, што предвидува трошоци од над 3 трилиони долари, е насочен кон најитните потреби на земјата.

Обама во предлог-буџетот што денес е испратен во Конгресот предвидува дефицит од 1,75 трилиони долари за 2009-та. Претседателот на собир во Белата куќа изјави дека во неговиот план е јасно дефинирано колку ќе биде потрошено за војните во Ирак и во Авганистан, односно дека таквите ставки за првпат јасно се изложени во буџетот.
Тој кажа и дека наследил трилион долари дефицит од неговиот претходник, поранешниот претседател Џорџ Буш, и оти актуелната влада мора најпрво да се фокусира на она што е потребно за заживување на економијата.

Во планот на Обама за буџетот за 2010-та се вклучени и дополнителни 250 милијарди долари за зајакнување на американскиот финансиски систем, кој веќе прими над 700 милијарди долари од минатат година-наваму. Претседателот исто така сака да оддели 634 милијарди долари за реформа на американскиот систем на здравстена заштита и да го прошири здравственото осигурување на преку 40 милиони Американци кои во моментот немаат никаква заштита.

XS
SM
MD
LG