Линкови за пристапност

Бернанке ја брани економската политика на САД

Тој уште еднаш рече дека економската обнова зависи од тоа колку брзо стабилноста ќе се врати во финансискиот сектор, уверувајќи ги инвеститорите дека владата нема намера да ги национализира американските банки: „Не верувам. Кога помислувам на национализација, прво што ми доаѓа на ум дека владата ги презема банките, ги купува сите акции и почнува да раководи со банката. Ние не планираме такво нешто“.

Но, имајќи ја предвид големата сума пари од планот за економско стимулирање, Бернанке рече дека е можно владата да купи поголем број акции во некои банки – вклучувајќи ја и Ситигруп, која веќе прими 45 милијарди долари владини пари. Може да се случи владата да има значителен малцински дел во Сити или други банки, но исто така постојат механизнми за надзор, права на сопствениците на акции и други алатки за да обезбедиме дека ќе се добијат добри резултати какви што ги сакаме, кажа Бернанке.

Но, не се сите убедени дека планот на владата ќе успее. Еден од нив е конгресменот Рон Пол: „Ако мислиме дека со вештачко создавање кредит од ништо, и ќе го надуваме балонот, верувајте дека немаме молитва која ќе ги реши тие проблеми“.

Бернанке ги бранеше акциите на владата. Укажа на позитивните ефекти од 700 милијарди долари финансискиот план за спасување на економијата, кој беше усвоен од Конгресот минатата година: „Сметам дека избегнавме колапс на глобалниот финансиски систем кон средината на октомври, преку глобална, координирана акција и мудрост во далекугледоста на Конгресот преку обезбедување неопходни средства, што можеше да значи навистина длабока економска криза.“

Бернанке ги увери законодавците дека ако економската политика на владата доживее успех, рецесијата треба да биде надмината до крајот на годината.
Претседавачот на федералните резерви Бен Бернанке на Капитол Хил втор ден по ред беше на распит за состојбата со американската економија.

XS
SM
MD
LG