Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи се во Вашингтон за разговори со американскиот државен секретар Хилари Клинтон.
На денешната средба се очекува да се разгледаат неколку прашања поврзани со
првата годишнина на независноста на
Косово од Србија.
САД минатата недела
со писмена изјава и' честитаа на
балканската држава и од приштинската влада побараа брза акција за изградба на
демократски институции. Притоа
беа забележани
и косовските напори за изградба на силна уставна заштита за верските и културни права на
малцинствата.
Педесет и пет држави
ја имаат признаено косовската независност, меѓу кои и мнозинството на ЕУ
и НАТО државите.
Србија и традиционалниот сојузник Русија одбиваат да ја признаат декларацијата на
Косово.