Линкови за пристапност

Според анкетите, позитивен одзив на говорот на Обама


Анкетите покажуваат дека голем дел од Американците позитивно реагирале на синоќешното редовно годишно обраќање на претседателот Барак Обама во Конгресот, во кое доминираше економската состојба во земјата. Обама во вторникот порача дека САД ќе се опорават од рецесијата и ќе „излезат посилни од кога и да е порано“. Анкетите на ТВ-мрежите Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си направени веднаш по говорот покажуваат дека огромно мнозинство го одобрува говорот на Обама.

Повеќето веруваат дека планот на претседателот за економска обнова ќе ја подобри ситуацијата. Па сепак, според истражувањето на Си-Би-Ес, само нешто малку повеќе од половина испитаници сметаат дека Обама ќе биде во можност да ги исполни сите цели што ги изложи. Најновите економски податоци објавени денеска покажуваат зошто некои Американци и натаму се загрижени за економијата: продажбата и цените на домовите во САД и натаму паѓаат, а расте невработеноста. Потпретседателот Џо Бајден денес се заложи за стриктна контрола на тоа како ќе се остварува обемниот план за економска обнова.

XS
SM
MD
LG