Турски патнички авион се урна при обидот за слетување на аеродромот Шипол во Амстердам. Властите велат дека девет лица загинале, а 50-тина други се повредени, од кои околу половина посериозно.
Боингот 737 при уривањето се прекршил на три дела. Несреќата се случила на околу 500 метри од пистата за слетување, а во моментот имало слаба магла.
Авионот утрово полетал од Истамбил.