Севернокорејските државни медиуми јавуваат дека претседателот Ким Јонг Ил ја посетил локацијата од каде државата се подготвува да тестира проектили со долг домет, што предизвика меѓународна загриженост.
Севернокорејската централна новинска агенција вели дека претседателот Ким ја посетил и североисточната провинција Хемкјонг, за да изврши увид на различни објекти, вклучувајќи фабрики, филијала на централна банка и средно училиште.
Пјонгјанг вчера соопшти дека всушност ќе лансира
експериментален сателит за комуникација. Од друга страна САД, Франција и многу
други азиски земји веруваат дека лансирањето претставува тест за капацитетот на
севернокорејските проектили со долг домет.