Линкови за пристапност

Жителите на главниот град на САД на чекор поблиску до добивање право на глас во Конгресот


Жителите до Вашингтон ДЦ направија чекор кон добивање целосна гласачка репрезентација во Претставничкиот дом, што е прв пат откако е создаден градот пред повеќе од 200 години.

Законот за гласачко право на Вашингтон го мина круцијалното процедурално гласање во Сенатот и следните денови треба да се најде на конечно разгледување.

Поддржувачите на идејата, велат дека жителите на Вашингтон, кој плаќаат федерален данок и можат да гласаат на претседателски избори, треба да имаат и свој претставник. Опонентите негодуваат дека чекорот е противуставен.

Прашањето е дали Вашингтон, федерална област каде се наоѓа владата, има еднакво претставување во Конгресот, како што го имаат сојузните држави согласно американскиот Устав.

Законот овозможува на главно републиканската држава Јута уште едно место во Претставничкиот дом, за сметка на местото на главно демократскиот Вашингтон ДЦ. Законот не дава можност на Вашингтон ДЦ да има и свој сенатор.
Вашингтон ДЦ моментално има претставник во Претставничкиот дом, Елеонор Хомс Нортон, која може да гласа во комисиите, но не и за конечно усвојување на легислатива.

Претставничкиот дом усвои сличен закон во 2007-ма, но тој не мина во Сенатот. Тогашниот претседател Џорџ Буш се противеше на законот, додека новиот претседател Барак Обама изрази поддршка.

Главниот град на САД има популација од 600.000. Во 2000та, градот го користеше слоганот „Оданочување без претставување“. Истото мото го користеа американски колонисти кои објавија независност од Британија во 1776-та.

XS
SM
MD
LG