Линкови за пристапност

Продолжуваат да паѓаат цените на домовите во САД 


Цените на американски куќи рапидно паѓаат во време кога забавената економија предизвика рекорден број Американци да го загубат покривот над глава.

Индексот на цените на домовите во 20 главни американски градови според индексот на Standard and Poor's Chase-Shiller покажа дека цените паднале за речиси 19 проценти во декември, досега најголемо регистрирано намалување.

Извештајот посочува дека има 27 процентен пад на цените на домовите од 2006-та.

Вториот извештај од федералната агенција за финансирање исто така наоѓа дека цените на домовите опаднале рекордно во 2008-ма.

Минатата недела, американскиот претседател Барак Обама го претстави планот од 75 милијарди долари за помош на милиони Американци кои се во опасност да ги загубат домовите.

Многу економисти причината за финансиската криза ја гледаат во пазарот за домување кој влијаеше врз САД и многу други земји да западнат во рецесија.

Економистите се загрижени дека опаѓањето на цените на домовите во САД ќе ги принуди потрошувачите помалку да трошат, што ќе влијае на натамошно забавување на економијата.

Многу компании во САД бележат големи загуби во продажбата. Само кај познатиот синџир на стоковни куќи „Мејсис“, профитот во последниот квартал од годината опаднал за близу 60 проценти.

XS
SM
MD
LG