Линкови за пристапност

Обама го потврди американско-јапонското пријателство со премиерот на Јапонија


Американскиот претседател Барак Обама се сретна со јапонскиот премиер Таро Асо и ја подвлече важноста на врските на Вашингтон со Токио.

На прес-конференцијата во Белата куќа, Обама ја опиша Јапонија како камен-темелник на безбедноста во Азија и еден од најсилните економски партнери на Вашингтон. Тој исто така рече дека Јапонија е важен партнер на САД и за прашања како климатските промени и Авганистан.

Асо е прв странски лидер кој го посетил Обама во Белата куќа откако ја презеде претседателската канцеларија во јануари.

Јапонскиот премиер подвлече дека САД и Јапонија се две најголеми светски економии. Тој рече дека мора да работат заедно на решавање на важните глобални прашања.

Заложбата на Обама за заживување на забавената американска економија ја зголеми загриженоста на Токио дека Вашингтон може да воведе протекционистичка трговска политика.

Северна Кореја исто така е голема грижа како за САД, така и за Јапонија, која сака американска поддршка за решавање на случаите за киднапирани јапонски граѓани од страна на режимот во Пјонгјанг во 1970-тите и 1980-тите.
Минатата недела, државниот секретар Хилари Клинтон ја избра Јапонија за прва станица на нејзината прва посета во странство на функцијата прв американски дипломат.

XS
SM
MD
LG