Линкови за пристапност

Дора Бакојани:  Никој не сака да преименува никого


Првиот човек на грчката дипломатија од вчера е во посета на САД, во чии рамки утре ќе се сретне со американската државна секретарка Хилари Клинтон. Синоќа, пак, Дора Бакојани во угледниот Институт Брукингс во Вашингтон говореше на тема – „Колективната безбедност во 21-от век – градење на нови мостови" За неа се клучни три врски – меѓу САД и Европа преку Атлантикот, меѓу Русија и Европа ширум Евроазија и онаа која го поврзува Балканот со Европа.

-Во овој мултиполарен свет, безбедноста зависи од многу повеќе отколку само моќта: зависи од градење односи и создавање врски, од градење мостови преку разбрануваните води, рече Бакојани.

Оценувајќи дека „во минатите неколку години дојдоа загрижувачки сигнали од Скопје", Бакојани во говорот упати остри зборови кон македонската влада:

-Владата на Никола Груевски навидум го избра патот на национализам, будејќи ги балканските сеништа. Претстојните претседателски избори овој март ќе бидат уште еден клучен тест, особено што парламентарните избори минатиот јуни беа засенети со насилство и гласачки неправилности, кажа грчката министерка.

За преговорите за името, Бакојани се надева дека "владата на Скопје ќе не` сретне на половина пат и ќе се согласи на решение во кое обете страни ќе бидат победници".

На прашање на Гласот на Америка на македонски дали со оглед на тврдењето дека би прифатила решение со географска одредница од типот Република Северна Македонија, грчката влада би го признала македонскиот народ, јазик, култура и идентитет како македонски, или би инсистирала и на нивна промена, Бакојани коментираше:

-Никој не сака да преименува никого. Да бидам мошне јасна – Македонија е поширок географски регион. 51 процент од Македонија припаѓа на Грција, 38 проценти припаѓаат на Бугарија, не знам колку точно – мислам 37 проценти на ФИРОМ и 1 процент на Албанија. Ова е регион што во минатото имаше многу проблеми. За стабилноста на овој регион, мошне е важно проблемите од минатото да бидат закопани и заборавени, а не да се изнесуваат во годините што доаѓаат.

Бакојани рече дека „има 2,5 милиони горди Македонци во Грција", како и дека „во Бугарија има луѓе кои се нарекуваат Македонци".

-Она за што ние говоримеме е: поранешната југословенска Република Македонија со придавка пред името Македонија, што разјаснува дека не говориме за целината, како и дека луѓето кои живеат таму припаѓаат на таа земја, го резимираше грчкиот став Бакојани.

Таа одговори и дека Грција посакува најдобри можни односи со Македонија и е водечки инвеститор во неа, што, како што рече - овозможило 25.000 работни места. Грчката министерка тврди дека нејзината влада се` уште сака во Македонија да се реализира програмата Грчка помош, но дека преименувањата, како она на Коридорот 10, спречиле прилив на 50 милиони Евра за овој патен правец.

Бакојани демантираше дека Грција една година пред Самитот во Букурешт донела одлука дека ќе стави вето на приемот за Македонија и рече дека наместо тоа, владата само решила да ја смени политиката од изминатите 17 години и да прифати име што содржи Македонија, но со географска одредница.

На прашање од Обединетата македонска дијаспора кога Грција ќе им даде целосни права и потполно ќе ги признае малцинствата, меѓу кое и македонското – Бакојани возврати со коментар дека секој европски граѓанин, вкучително и грчките, ги уживаат сите слободи и човекови права и дека тие се загарантиран

XS
SM
MD
LG