Американскиот претседател вечерва ќе зборува во Конгресот, обраќајќи се и на целиот американски народ, за предизвиците со кои се соочени САД.
Овој говор ќе го обележи првото појавување на Обама пред Конгресот во полн состав, што тој ќе го искористи како можност за изнесување на неговите приоритети и економски планови.
Претседателот се очекува да зборува за безбедносни прашања, но фокусот на неговото обраќање ќе биде економијата.
Обама е претседател само пет недели. Последнава
недела тој потпиша закон за стимулативниот
план од 787 милијарди долари,
ги претстави плановите за помош на сопствениците на
домови за рефинансирање на нивните станбени кредити и кажа дека сака да го намали федералниот дефицит за половина
до 2013.
Вчера, Обама на
самит во Белата куќа, со законодавци и
финансиски стручњаци, кажа дека неговата администрација има намера да го
намали дефицитот од 1.3 трилиони долари на
533
милијарди во
наредните четири години.
Тој исто така рече дека владата ќе презема акции во од,
што значи дека владата нема да троши повеќе пари отколку што има на
располагање.