Американскиот државен секретар Хилари Клинтон неделава се среќава со министрите за надворешни работи на Пакистан и Авганистан со кои ќе разговара за ревидирање на американската политика во овој нестабилен регион.Портпаролот на Стејт Департмент Роберт Вуд вели дека Клинтон ќе се сретне со пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Мехмуд Куреши, во вторник.Вуд исто така вели дека авганистанскиот министер за надворешни работи Ранген Дадфар Спанта ќе има разговори со државниот секретар, во четврток. Потоа ќе има трилатерална средба и вечера.
Американскиот специјален претставник
за Авганистан и Пакистан , Ричард Холбрук, исто така се очекува да учествува
на средбите. Холбрук неодамна се
врати од турнеја по регионот на
Пакистан, Авганистан и Индија.
Претседателот Барак обама минатата недела одобри
распоредување на дополнителни 17 илјади
трупи во Авганистан за да се помогне на
американските и НАТО војници да
се справат со одново пројавеното
талебанско движење и на други милитанти.