Линкови за пристапност

Правобранителот на САД зборува за расата


Американскиот главен правобранител Ерик Холдер деновиве поттикна дебата за расните односи со говорот во кој кажа дека САД се нација на страшливци бидејќи повеќето Американци претпочитаат да избегнат искрена дискусија на оваа тема.

По повод февруари - месецот на историјата на афро-Американците, Холдер, кој е првиот главен-правобранител - црнец кажа: „Иако земјата гордо мисли за себе како место на етничко прелевање, за расните прашања секогаш сме биле а и натаму сме - на многу начини – во основа земја на страшливци. Иако расните прашања и натаму се голем дел од политичката дискусија - а многу од нив остануваат нерешени - ние, просечните Американци едноставно не разговараме доволно меѓу себе за расата".

Холдер тврди дека иако Американците наголемо се интегрирани на работното место од понеделник до петок, црнците и белците навидум живеат одвоено за време на викендот. Тој смета дека е време за искрена дискусија за расните односи.

Ги запрашавме Американците што мислат. Ева што одговорија случајни минувачи:

- Сите имаме одговорност да ја унапредиме ситуацијата. Бели, црни, латино, зелени, сини.

- Поради растата се водеше граѓанска војна и многу храбри загинаа за да стават крај на ропството. Луѓе од разни раси и етнички потекла учествуваа во движењето за граѓански права. Одминавме голем пат.

- Делумно се согласувам со него, но сметам дека Америка стана многу поразновидна. Тука се луѓе од многу други култури и треба и тоа да го почитуваме.


За некои, пак, беше пречуствително да се дискутира на оваа тема.

Во политичките кругови, дел од конзервативците го нападнаа Холдер бидејќи сметаат дека неговиот коментар е многу конфронтационен.

Претседателот Барак Обама, за време на инаугурацијата порача:

„Ова е значењето на нашата слобода и верба, луѓе од сите раси и вери заеднички да слават, и човек чиј татко пред 60 години најеројатно не би бил послужен во ресторан, сега да стои пред вас и даде заклетва како претседател".

Во време кога во САД се слави историјата на афро-Американците, Холдер повика да се испита расната душа на земјата, за да се дојде до нејзиното срце.

XS
SM
MD
LG