Линкови за пристапност

Обама  работи на план за намалување на дефицитот


Американскиот претседател Барак Обама со група економски стручњаци и политичари работи на план за намалување на огромниот американски дефицит во наредните неколку години.

Проектираниот дефицит надмина еден трилион долари додека администрациите на Буш и на Обама се обидуваа да го зацврстат финансискиот сектор и да ја ре-стартираат застоената економија со заеми на банките и трошење на инфраструктурата.

Критичарите на спасувачкиот и стимулативниот план негодуваат заради големите трошоци кои би ја обремениле државата со долг и на следните генерации ќе им остават повисоки даноци.

Обама зборува со група законодавци и економски стручњаци за фискална одговорност во време кога администрацијата се подготвува за претставувањето на 2010 буџетскиот план подоцна неделава.

Претседателот може да изнесе повеќе детали за планот за помош на економијата кога ќе се обрати пред конгресот во вторник навечер.

Новински извештаи велат дека Обама ќе се обиде да го намали дефицитот, да повлече трупи од Ирак и да намали други владини трошоци.

XS
SM
MD
LG