Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер ја повика Украина да спроведе реформи во армијата и покрај глобалната економска криза, која го забави индустриското производство во земјата.
Шефер истакна дека сојузниците се свесни за влијанието што го има финансиската и економска криза на скапите реформи во одбраната. Сепак, вели тој, неефикасната и застарената одбрана, долгорочно ќе ја чини земјата многу.
Јаап де Хоп Шефер ова го изјави по дводневната средба на министрите за одбрана на НАТО што се одржа во Краков, Полска.
На средбите присуствуваше и украинскиот министер за одбрана Јури Јекануров, при што станало збор за забрзување на подготовките на Украина за членство во Алијансата.
Економската криза сериозно ја погоди Украина, особено поради фактот што е забележано намалување на глобалната побарувачка на нејзиниот извоз на метал.