Линкови за пристапност

Годишната стапка на инфлацијата во САД - непроменета


Годишната стапка на инфлација во САД изминатата година остана непроменета, за прв пат по 1955-та.

Цените не пораснаа поради рецесијата кои влијаеше на намалување на побарувачката на добра и услуги.

Додека севкупните цени лани стагнираа, во јануари е забележено зголемување на цената на бензинот, што се одрази на пораст на цените за скромни три десетини од еден процент.

Информацијата ја објави Одделот за труд, што го компилира индексот за цените на потрошувачите, најшироко употребувана мерка за американската инфлација.

XS
SM
MD
LG