Линкови за пристапност

НАТО ќе работи на подобрување на односите со Русија


Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер рече дека ќе продолжат напорите на Алијансата за затоплување на односите со Русија и покрај несогласувањата со Москва за Грузија.

Зборувајќи по средбата на министрите за одбрана на НАТО во Полска, Шефер рече дека очекува шефовите на дипломатии на почетокот од идниот месец и формално да реагираат. НАТО го суспендира формалниот дијалог со Русија откако Москва во август испрати војници во Грузија.

Тој рече дека сојузниците повториле дека цврсто го поддржуваат територијалниот интегритет на Грузија и изразиле загриженост за рускиот план за отварање бази во отцепените региони Абхазија и Јужна Осетија.

Во меѓувреме, секретарот за одбрана Роберт Гејтс уште еднаш истакна дека преразгледувањето на политиката спрема Авганистан и Иран од страна администрацијата на Обама ја одложува одлуката за планот за поставување на противракетен штит во централна Европа.

Тој рече дека системот примарно е наменет за одбрана против ирански закани и ќе стане непотребен доколку Иран ја прекине својата нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG