Линкови за пристапност

Американски весник се извини за контроверзна карикатура


Весникот „Њујорк Пост“ официјално се извини за објавување на карикатурата за која многумина рекоа дека претседателот Барак Обама е спореден со шимпанзо.

На карикатурата објавена во средата, двајца полицајци стојат до тело на шимпанзо, откако еден од нив го убил животното. На ова, другиот полицаец вели – „Ќе мора да најдат некој друг за да го напише следниот стимулативен пакет за економијата.“

Околу 200 лица вчера протестираа пред канцеларијата на весникот заради карикатурата. И порано имало случаи кога шимпанза се употребувале за навреди врз Афро-Американците на расна основа.

„Њујорк Пост“ синоќа на својата веб страница издаде соопштение во кое се извинува за карикатирата и вели дека била измејување на, цитираме, апсурдно напишаниот економски стимулативен пакет.

Некои веруваат дека карикатурата е и сугестија за убиство на претседателот.

XS
SM
MD
LG