Киргистанскиот претседател Курманбек Бакијев потпиша закон за затварање на американската воздухопловна база која е клучна за снабдување на американските и војниците на НАТО стационирани во Авганистан.
Бакијев мерката ја потпиша денеска, еден ден откако киргистанскиот парламент со огромно мнозинство гласаше во нејзина полза. Со мерката се прекинува американскиот пристап до воздухопловната база Манас.
Киргистанските власти сега можат да издадат налог со кој на американските сили би им се дало 180 дена да ја напуштат базата.
Во меѓувреме, американски воен офицер соопшти дека Таџикистан го одобрил предлогот за користење на патиштата и железницата во земјата за пренос на невоен карго материјал од Таџикистан во Авганистан.