Еден од најсериозните претеденти за годинешниот Оскар, „Slumdog Millionaire“, снимен во Мумбаи, Индија, е приказна за судбината. Џамал, младо момче од сиромашно предградие, се натпреварува во индиска верзија на квизот „Кој сака биде Милионер?“, базиран на американската верзија, каде победникот добива 20 милиони рупии.
Режисер на филмот е Дени Бојл. Малкумина веруваа дека оваа независна продукција дека ќе успее да дојде до Оскар. Сепак, овој филм ги освои срцата на гледачите и ги придоби критичарите. Со девет номинации, претставува еден од најсериозните претенденти за наградата.
Џамал Малик нема големо знаење. Едноставно ги знае одговорите на специфични прашања. Секое прашање е некако поврзано со настан што оставил белег на неговиот живот.
Откако умира мајка им, Џамал и брат му Прем почнуваат да крадат, тргуваат и спијат каде стасаат, само да преживеат. Но, пресуден момент во неговиот живот е кога сирачето Латика ќе им се придружи. Ја киднапираат ганстери. Џамал нема да се смири се додека повторно не ја види.
Неколку години подоцна, како тинејџер ја пронаоѓа во домот на ганстерите. Таа е заклучена и единствено и е дозволено да го гледа шоуто „ Кој сака да биде милионер?“ Џамал се пријавува на шоуто за таа да го гледа. На незгодно прашање, додека се натпреварува, тој и врти по телефон да му помогне околу одговорот на прашањето.
Режисерот Дени Бојл вели дека љубовната приказна е инспирирана од Боливуд, индиска верзија на Холивуд, каде се`е можно!
Како и повеќето филмови од оваа индустрија, "Slumdog Millionaire" е драма со многу солзи и среќен крај. Динамичната музика и разиграните бои ги надополнуваат емоциите.