Линкови за пристапност

Хилари Клинтон ја започна посетата на Кина


Американскиот државен секретар пристигна во Кина, последната станица од нејзината четиридневна турнеја низ Азија, која беше фокусирана на глобалната економска криза, климатските промени и севернокорејската нуклеарна програма.

Пред да замине за Пекинг, Клинтон ја посети Јужна Кореја од каде го поддржа ставот на Сеул и ја повика Северна Кореја да не презема провокативни акции.

Заедно со нејзиниот јужнокорејски колега, Ју Мунг Хван, Клинтон ја повика Северна Кореја да се врати на преговорите за границата и да го обнови дијалогот со Сеул.
Кон крајот на минатиот месец Северна Кореја соопшти дека ги укинува сите политички и воени договори со Јужна Кореја.

Тензиите на Корејскиот Полуостров се интензивираат. САД и Јужна Кореја предупредија дека Северна Кореја планира да тестира проектили со долг домет кои имаат капацитет да достигнат до американска територија.

Клинтон предупреди дека акција како оваа би претставувала непочитување на резолуцијата на ОН, која беше воведена откако во 2006 година Северна Кореја изведе сличен тест.

XS
SM
MD
LG