Линкови за пристапност

Обама и Харпер разговараа за економијата и Авганистан


Американскиот претседател Барак Обама на неговото прво патување во странство како претседател, се сретна со канадскиот премиер Стивен Харпер, со кого разговараше за повеќе прашања.

За време на прес-конференцијата во Отава во вторникот, Обама и Харпер соопштија нова иницијатива за развојот и употребата на чиста енергија. Обама ја опиша иницијативата како „исклучителен почеток".

Обама кажа дека САД ја ревидираат стратегијата во Авганистан. Тој рече дека САД го изместиле фокусот од Авганистан последниве неколку години и дека сега ситуацијата се влошува, заради што претседателот додаде дека е благодарен на определбата на Канада за учество во Авганистан.

Харпер кажа дека тој и Обама се согласиле дека Канада и САД мора заедно да работат во спротивставувањето на глобалната економска рецесија. Тој рече дека тие се согласиле за итна координирана акција за обнова на економскиот растеж и заштита на семејствата најтешко погодени од рецесијата.

XS
SM
MD
LG