Линкови за пристапност

Ново рекордно ниво на невработеност во САД 


Бројот на Американци кои и натаму примаат социјална помош поради невработеност минатата недела нарасна на речиси пет милиони, што е рекордно голем број. Одделот за труд соопшти дека ова е четврта недела по ред бројот на оние кои примаат помош подолго од една недела да скока на рекордно ниво. Бројот на Америкаци кои за прв пат поднеле барање помош од државата поради невработенот е непроменет, но останува висок - 627.000.

Нов извештај за обемот на производство во централниот дел на атлантскиот регион покажува дека тоа паднало на најниско ниво во последниве 18 години со се` помалиот број на нарачки од фабриките и поголемата невработеност.

XS
SM
MD
LG