Линкови за пристапност

Киргистанскиот Парламент гласаше за затворање на американската база во земјата


Киргистанскиот Парламент гласаше за иселување на американските војници од воздушната база Манас која е клучна врска за снабдување на западните сили кои војуваат во Авганистан. Парламентот со 78 гласови „за“ и 1 „против“ се изјасни за одлуката на киргистанскиот претседател Курманбек Бакиев на американските сили да им се укине пристапот до базата. Киргистански претставници велат дека доколку претседателот Бакиев ја потпише мерката и владата издаде одлука за иселување, САД ќе мора да ја напуштат базата во рок од 180 дена. Базата Манас е единствената база во регионот отворена за американските сили.

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс на состанокот на НАТО во Полска кажа дека иако базата е важна, не значи и дека е незаменлива. Гејтс рече дека планира да работи со киргистанската влада на постигнување на решение, но кажа и дека има алтернативи, иако не даде детали.

XS
SM
MD
LG