Линкови за пристапност

Роберт Гејтс ќе бара поголема поддршка од НАТО во Авганистан


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека од сојузниците во НАТО кои се среќаваат во Краков, Полска, ќе побара да ангажираат поголем број војници кои би помогнале во обезбедувањето на земјата воочи изборите.

Гејтс ќе учествува на дводневните средби на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, на кои главно ќе се дискутира за мировните напори на Алијансата во Авганистан. Разговорите уследија кусо време откако Вашингтон соопшти дека ќе распореди 17.000 дополнителни војници во Авганистан.

Гејтс истакна дека престанал да се надева оти НАТО сојузниците, од кои повеќето имаат анти-воено располежение на домашен терен, ќе бидат подготвени за се заложат за испраќање на дополнителни трупи. Тој рече дека поверојатно е НАТО сојузниците својот придонес да го ограничат на невоена помош, за да и се помогне на владата на Кабул да формира постабилни граѓански институции.

На средбата на Алијанската во Полска ќе стане збор и за Косово, Грузија, Украина и како НАТО би можел да се справи со пиратството.

XS
SM
MD
LG