Линкови за пристапност

Клинтон предупредува на можна криза во Северна Кореја


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изрази загриженост за ситуацијата со севернокорејското раководство и потенцијална криза во обидите за смена на Ким Јонг Ил.

Пред да пристигне во Сеул, Клинтон изјави дека администрацијата на претседателот Барак Обама е длабоко загрижена за можната смена на владеачката структура во Пјонгјанг.

Секретарот Клинтон предупреди дека ваквите измени можно е да ги интензивираат постојните тензии меѓу Северна Кореја и нејзините соседи, со оглед на фактот што потенцијалните наследници на Ким се борат за позиција и моќ.

Само неколку часа пред пристигнувањето на Клинтон во Сеул, Северна Кореја издаде најново предупредување дека е подготвена за војна со својот јужен сосед.

Во соопштението објавено од официјалната новинска агенција, севернокорејски воени претставници наведуваат дека нивната армија е подготвена за сеопфатна конфронтација.
Заканите доаѓаат во време кога експертите предупредуваат оти Северна Кореја може да ја делат само неколку дена или недели од тестирањето на проектилите со долг домет кои имаат капацитет да стигнат до американската територија.

XS
SM
MD
LG