Американскиот претседател треба да се сретне со канадскиот премиер Стивен Харпер на своето прво патување во странство откако ја презеде функцијата.
Обама и Харпер се очекува да разговараат за прашања од интерес на обете земји, вклучувајќи ја трговијата, економската ситуација, животната средина, енергијата и Авганистан.
Канада е најголемиот трговски партнер на САД и најголемиот индивидуален снабдувач на на САД со нафта и природен гас.
За време на претседателската кампања, Обама кажа дека е можно ново преговарање за Северноамериканскиот договор за слободна трговија за да се обезбеди заштита на трудот и стандардите за животната средина.
Но, во неодамнешното интервју за канадска телевизија, Обама зазеде помек став, нагласувајќи дека САД и Канада дневно разменуваат стока во вредност од 1,5 милијарди долари и дека не е во ничиј интерес обемот на таа размена да се намали.