Линкови за пристапност

Џенерал Моторс и Крајслер бараат дополнителна помош од владата


Американските автопроизводители Џенерал Моторс и Крајслер тврдат дека ќе им требаат многу повеќе владини пари за да останат во бизнисот отколку што предвидоа пред само два месеци.

Двете компании во вторникот ги претставија своите планови за реконструкција на владини лица. Џенерал Моторс најави дека му требаат до 30 милијарди долари помош од владиниот Оддел за финансии за да продолжи со работа, без оглед што планира да отпушти 47.000 лица годинава.

Крајслер побара дополнителни 5 милијарди долари помош, откако на крајот од минатата година доби 4. Претставници на овој автомобилски гигант планираат да затворат 3.000 работни места и да го прекинат производството на три модели автомобили.

Во соопштение од Белата куќа се вели дека економските советници на претседателот Барак Обама во наредните денови внимателно ќе ги разгледаат плановите на Џенерал Моторс и Крајслер.

XS
SM
MD
LG