Линкови за пристапност

Пазарот на домување во САД на рекодно ниско ниво


Нови показатели дека американскиот пазар на домување и индустрискиот сектор во земјата се на тежок удар од рецесијата: владиниот Оддел за трговија соопшти дека бројот на изградени нови домови паднал на рекордно ниско ниво во јануари. Месецот биле изградени само 466.000 домови, што е пад за 17 проценти од претходниот месец и најбавна стапка откако официјални лица започнаа да го регистрираат овој тренд во 1959-та.

Економистите причината ја гледаат во се потешкото добивање кредити и бранот на одземање домови западнати под хипотека со што има многу непродадени домови на пазарот.

Индустриското производство исто забелеѓало пад од 1, 8 проценти во јануари и е за 10 проценти пониско од истиот период лани.

XS
SM
MD
LG