Продлабочувањето на рецесијата влијае и на уметноста. На уметноста отпаѓаат преку четири проценти од целокупните деловни активности во САД. Според експертите, одржување на уметноста во овие тешки времиња не е важно само за промовирање туку и за проширување на економијата.
Театарската компанија во Вашингтон, Консталација, страда како и други непрофитни организации во САД.
Основачот и уметничкиот директор на театарот, Алисон Стокман, вели дека годинава нејзината компанија мора да биде креативна како на сцена, така и надвор од неа: „Мислам дека луѓето генерално не сакаат да плаќаат полна цена за билетите за да видат одредена претстава. Оваа година луѓето гледаат да направат зделка и затоа секој четврток нудиме попусти на билетите од 50 проценти. Се чини дека тоа привлече повеќе посетители“, вели таа.
Во САД постојат преку 100.000 непрофитни организации со фокус на уметноста. Во овие институции се вработени 5,7 милиони лица.
Педесет проценти од нивните примања доаѓаат од продажба на билетите, 40 проценти од поединечни донации и 10 проценти од корпорации, фондации и владина помош.
Роберт Линч е претседател на групата за заштита на правата на уметниците
– Американци за уметноста. Тој вели дека
ова е тешка година: „Без оглед на тоа дали станува збор за балет, театарска
претстава, опера или концерт, се чини дека околу 10 проценти од тие 100.000
непрофитни организации се во опасност од
банкротство или откажување на цели сезони“.
Линч додава дека други 90 проценти може да се соочат со намалувања на
буџетот и до 20 проценти.
Имагинативна сцена, театар за деца во Вашингтон, е еден од нив.
Минатата година институцијата беше на 49-то место на листата од 5.000 компании во САД со најбрз растеж.
Годинава, компанијата има 10 проценти намалени донации.
Сепак и покрај напорите за заштеди, експертите проценуваат дека намалените фондови на уметничките организации, ставиле во опасност 750.000 работни места. Групата за заштита на правата на уметниците вели дека за наредната година најавени се дополнителни загуби на работни места.