Канцеларијата на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи тврди дека тој и американскиот претседател вчера говореле за прв пат откако Барак Обама стапи на функцијата пред четири недели. До телефонскиот разговор дошло истиот ден кога Обама најави план за испраќање дополнителни 17.000 војници во Авганистан.
Во соопштението на Канцеларијата на Карзаи стои дека тие дискутирале за билатералните односи, ја разгледале политиката на војната против тероризмот и се осврнале на претстојните претседателски избори во Авганистан и други прашања.
Претставници на Пентагон вчера потврдија дека во наредните месеци во Авганистан ќе бидат испратени 12.000 војници од борбени едници, а по нив и 5.000 од помошниот персонал. Авганистанското Министерство за одбрана ја поздрави одлуката на Обама, велејеќи дека сака тие да бидат распоредени во најнесигурните области на југ и исток од земјата.
Со засилувањето, вкупниот број на американски војници во Авганистан ќе нарасне на 55.000.