Линкови за пристапност

Клинтон се заложи за „исцрпно партнерство“ со Индонезија


Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека САД се посветени на формирање ново партнерство со Индонезија, истакнувајќи ја растечката важност на земјата во регионот.

Клинтон по средбата во Џакарта со индонезискиот колега Хасан Вираџада кажа дека таа и претседателот Барак Обама сакаат да соработуваат со Индонезија на итни прашања како глобалната економија и климатските промени.

Клинтон рече дека Индонезија- земјата со најбројно муслиманско население во светот - докажала дека “исламот, демократијата и модерноста не само што може заедно да егзистираат, туку и заедно да се развиваат“.

Таа најави дека Вашингтон ќе се консултира со Џакарта во врска со Бурма и како да изврши притисок врз воените лидерите на оваа земја да ја подобрат состојбата со човековите права.

Индонезија е втора станица од турнејата на Клинтон низ четири држави во Азија. Најпрво престојуваше во Јапонија, а по Индонезија ќе ги посети Јужна Кореја и Кина.

XS
SM
MD
LG