Линкови за пристапност

Американските автомобилски компании со нов заем од владата


Џенерал Моторс и Крајслер денеска до законодавците треба да достават план за планираните реформи.

Обете компании веќе примија милијарди долари владина помош, а претставник на Белата куќа изјави дека денеска се очекува обезбедување на дополнителни средства за спас на американските гиганти во автомобилската индустрија.

Компаниите треба да изложат детален план за како ќе ги потрошат парите со цел да се трансформираат и да станат компетитивни на пазарот.

По обезбедување на владината помош во декември, и натаму лоши вести за автомобилската индустрија во САД. Продажбата во јануари беше на најниско ниво во последниве 26 години.

XS
SM
MD
LG