Линкови за пристапност

Клинтон ја предупредува Северна Кореја за планираниот тест на проектили со долг домет


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ја повика Северна Кореја да не отпочне со процесот на тестирање на гранатите Таеподонг 2. Таа ова го изјави по средбата во Токио со нејзиниот јапонски колега Хирофуми Накасоне. Клинтон додаде дека тестирањето на проектилите со долг домет, нема да помогне во решавање на актуелните тензии.

Северна Кореја вели дека сепак ќе го изведе тестирањето и оти тоа дел од нејзината програма за вселенски истражувања.

Хилари Клинтон изјави дека администрацијата на Барак Обама е подготвена да ги нормализира односите со Пјонгјанг доколку Северна Кореја стави крај на нуклеарната програма и ги испочитува своите претходно постигнати договори.

Американскиот државен секретар во Токио пристигна вчера и ова е прва станица од нејзината турнеја низ Азија. Американско-јапонските односи Клинтон ги опиша како камен-темелник на глобалната дипломатија на Вашингтон. Клинтон најави и дека јапонскиот премиер Таро Асо на 24 февруари ќе ги посети САД и ќе се сретне со американскиот претседател Обама.

XS
SM
MD
LG