Линкови за пристапност

Резервите чиста вода за пиење се намалуваат, наведува ново истражување 


Непрофитниот еколошки Пацифички институт од Калифорнија тврди дека на многу места во светот, а особено во земјите во развој, се намалуваат резервите на чиста вода. Во своето двегодишно истражување „Водите во светот“ институцијата наведува дека проблемот е најсериозен во Азија и Африка, а Кина е пред вистинска кататсрофа.

Пацифичкиот институт смета дека глобалното затоплување има главно влијание врз намалувањето на резервите на чиста вода како и дека дошол крајот на времето кога таа била лесно достапна.


-Една милијарда луѓе немаат пристап до чиста вода за пиење. Најмалку 2, 5 милијарди луѓе живеат без санитарни услуги – повеќето во Африка и во Јужна Азија, наведува експертот Питер Глик, кој воедно е и претседател на Пацифичкиот институт.

Глук прави ваква врска: порастот на температурата на земјината атмосфера предизвикува промени во врнежите од дожд, а тоа се одразува на резервите на вода.

-Ќе уследат повеќе поплави, но и суши. Влажните места ќе станат уште повлажни, а онаму каде има суша, таа ќе биде уште поголема. Тоа е најшиот исход. Да станеше областа под Сахара повлажна, тоа ќе беше добра работа. За жал, климатските промени може да го предизвикаат спротивното – во сушните области ситуацијата да стане уште полоша, коментира Глук.

Според стручњаците, Африка и Азија особено имаат проблеми со чиста вода и соодветни санитарни услови. Глук вели дека Кина се соочува со вистинска кататсрофа поради загадувањето на водата предизвикано од наглиот економски растеж:

-Кина економски брзо се развива. Има бројно население, брз економски растеж, а тоа врши притисок врз водните ресурси. Во Кина се носат нови закони за кавлитетот и користењето на водата, но честопати не се почитуваат.

Глик и неговите колеги-научници ги повикуават владите во светот да издвојат повеќе средства за решавање на проблемот со водата.

XS
SM
MD
LG