Линкови за пристапност

САД, Индија и Пакистан се соочуваат со „заедничка закана“, тврди Холбрук


Американскиот специјален пратеник Ричард Холбрук смета дека Индија, САД и Пакистан се пред „заедничка закана“ од исламско бунтовништво.

Холбрук денес во Њу Делхи изјави дека сите три земји по прв пат се соочуваат со непријател кој претставува директна закана по нивните лидерства и народи. Тој коментираше по средбата со индискиот министер за надворешни работи Пранаб Мукерџи.

Индија е последната станица на турнејата на Холбрук по Јужна Азија, откако беше назначен за главен претставник за Авганистан и Пакистан во владата на претседателот Барак Обама минатиот месец.

Иако Индија не е во рамки на неговиот мандат, Холбрук во главниот индиски град сепак се сретна со владини претставници за да разговара за регионалната безбедност и обновената напнатост меѓу Индија и Пакистан по терористичките напади во Мумбаи во ноември минатата година.

XS
SM
MD
LG