Државната новинска агенција на Северна Кореја соопшти дека земјата се подготвува да лансира проектил со долг домет во рамки на својата вселенска програма, а не за армиски потреби.
Агенцијата денес коментираше дека Северна Кореја има право на „вселенски развој“.
Американски и јужнокорејски владини лица тврдат дека комунистичката влада во Пјонгјанг се подготвува да го испроба проектилот со долг домет Таеподонг-2, што е направен за армиски потреби.
Теоретски, проектилот би можел да допре до американската сојузна држава Аљаска. Официјални лица велат дека Северна Кореја го префрлила проектилот на лансирно место на крајбрежјето и дека би можела да го лансира уште кон крајот на февруари.