Линкови за пристапност

Во договор со милитантните, во делови на Пакистан воспоставен исламски поредок


Пакистан во договор со милитантите на Талебан се согласи да биде воспоставено строго владеење на исламското право – шеријат во области во северозападниот дел на земјата. Владата на Северозападната Погранична Покраина денес во Пешавар го потпиша договорот со милитанти поврзани со Талебан. Договорот се однесува на пакистанскиот регион Малаканд, во кој се наоѓа и долината Сват – на времето туристички рај, а сега област што речиси целосно е под контрола на Талебан.

Покраинскиот главен министер Амир Хајдер Хоти вели дека пакистанската федерална влада и претседателот Асиф Али Зардари го одобриле договорот.

Во неделата, милитантите објавија 10-дневен прекин на огнот во Сват и во знак на добра волја ослободија кинески инженер кого го држеа како заложник.

Свештеникот Маулана Фазлула, кој е наколнет кон Талебан, уште од 2007-ма година води интензивна кампања за воведување на шеријат во регионот.

Во исто време кога беше обајвена веста за договорот, неколку проектили - за кои се претпоставува дека биле истрелани од американски беспилотни летала - погодиле објект што го користеле талебански милитантни во племенскиот регион Карам, при што загинале најмалку 26 лица.

XS
SM
MD
LG