Тимоти Гајтнер за глобалните финансиски проблеми разговара во Рим со високи економски претставници од земјите од „Групата 7“, вклучувајќи ги Јапонија, Германија, Франција, Канада и Италија.
Министрите за финансии на најразвиените земји и шефови на централни банки се обидуваат да најдат начини за санирање на економската криза. Тие ќе разговараат и за стимулативните пакети помош понудени од одредени земји, потоа за новите правила на финансиските пазари, за загриженоста за протекционистичките мерки, како и за помошта за сиромашните.
На средбите ќе стане збор и за политичкото влијание на економската криза во време кога десетици илјади Италијанци протестираат заради владиниот пристап во справување со кризата.