Линкови за пристапност

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ќе замине во посета на Азија


Турнејата низ регионот се случува среде интензивирани тензии меѓу Јужна и Северна Кореја околу намерите на Северна Кореја да тестира ракети со долг дострел со капацитет да го погодат западниот дел на САД. Во меѓувреме, Јужна Кореја го стави на готовс својот систем за противракетна одбрана.

Јужнокорејскиот премиер Хан Сунг-со изјави дека неговата земја будно ги следи активностите на Северна Кореја и дека ќе биде подготвена за каква и да е ситуација.

Во напис на јужнокорејски весник се наведува дека Пјонгјанг поставува две ракети од типот Таеподонг-2 на лансирачката позиција долж севернокорејското источно крајбрежје.

Весникот цитира извори кои велат дека ракетите би можело да се тестираат кон крајот на месецов, за да се совпаднат со инаугурацијата на јужнокорејскиот претседател Ли Мунг-бак.

Ова ќе биде прва турнеја на Хилари Клинтон во странство, откако е на функцијата државен секретар.

XS
SM
MD
LG