Линкови за пристапност

Анкета на ИРИ: Македонските граѓани најмногу стравуваат од глобалната економска криза

  • Глас македонски

Разговор со Линдзи Лојд, регионален директор за Европа при Меѓународниот републикански институт

Најголема грижа за македонските граѓани е состојбата со економијата со оглед на глобалната криза, изјави Линдзи Лојд, регионален директор за Европа при Меѓународниот републикански институт, во разговор за Гласот на Америка на македонски.

Според последното истражување на јавното мислење направено од на Меѓународниот републикански институт, најголема грижа за македонските граѓани е економската состојба со оглед на глобалната криза, вели Линдзи Лојд за Гласот на Америка на македонски. Во последниве 6 месеци, дури две третини од граѓаните повеќе стравуваат за економската состојба во 2009-та споредено со истиот период лани поради можноста Македонија да биде посилно погодена.Има растечки песимизам за економските текови и Лојд смета дека тоа претставува дополнителен поттик за владата да излезе со моќен економски план во кој ќе има отварање на нови работни места и намалување на невработеноста.

Во однос на рејтингот на политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ се` уште има голема поддршка меѓу партиите во Македонија.

Пулсот за евроинтеграција, пак,е без промени:

Поддршката за влез во НАТО и ЕУ останува и натаму голема, како што беше изминатите години. Околу 90 отсто од испитаниците го поддржуваат членството во Унијата и НАТО.

Лојд смета дека е важно владата и опозицијата заедно да работат на овие прашања и на постигнување на целта. За локалните и претседателските избори во Македонија, тој коментира:

Меѓународната заедница со голем интерес ќе ги следи изборите во март.Имаше критики за последните неколку изборни циклуси во Македонија.Важно е да има голема излезност на изборите, но исто така и партиите и на власт, оние од опозицијата, како и невладините организации да обезбедат транспарентни, праведни и мирољубиви избори. Изборите се важни за земјата и нивното демократско одржување е еден од условите за интеграцијата на Македонија во ЕУ.

XS
SM
MD
LG